Странски инвестиции за економски развој на Охрид најавија вчера министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, и новиот градоначалник, Никола Бакрачески. Со отворањето на нови фирми, според Павлески, ќе се зголемува вработеноста во градот кој има можности да го развива приватниот сектор. Сите западни економии имаат најразвиен приватен сектор и развиени локални економии. Лесната индустрија, информатичката технологија и потенцијали за индустриска зона се основа за привлекување на странски инвестиции. Создавањето на една домашна индустрија ќе придонесе за развој на градот - вели министерот Павлески кој препорача дека во новата локална самоуправа треба да има тим на експерти кој ќе ги спроведе тие инвестиции. Најави дека следната недела лично тој ќе донесе инвеститори да ги скенираат можностите и потенцијалите на градот.
Странски инвестиции за економски развој на Охрид најавија вчера министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, и новиот градоначалник, Никола Бакрачески.
Со отворањето на нови фирми, според Павлески, ќе се зголемува вработеноста во градот кој има можности да го развива приватниот сектор.
- Сите западни економии имаат најразвиен приватен сектор и развиени локални економии. Лесната индустрија, информатичката технологија и потенцијали за индустриска зона се основа за привлекување на странски инвестиции. Создавањето на една домашна индустрија ќе придонесе за развој на градот - вели министерот Павлески кој препорача дека во новата локална самоуправа треба да има тим на експерти кој ќе ги спроведе тие инвестиции. Најави дека следната недела лично тој ќе донесе инвеститори да ги скенираат можностите и потенцијалите на градот.
Според градоначалникот Бакрачески програмата која треба да се реализира во делот на економијата е одраз на потребите и проблемите на граѓаните.
- Една од стратешките цели е економскиот раст и развој на општината со поддршка на мали и средни претпријатија и креирање на голем број работни места -вели Бакрачески. Новиот локален и експертски тим очекува Охрид, со поддршка од министерот за странски инвестиции, да излезе од економскиот мрак кој го зафати градот изминативе осум години.